1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Владата еуфорично, опозицијата во напад

Македонската влада го заврши интензивниот медиумски промотивен настап за тоа што сработила во изминатите 100 дена. Со голема доза на сигурност дека ги реализира изборните ветувања, премиерот Никола Груевски и целиот негов кабинет, четири часа се соочуваше со најпознатите македонски новианри. Претходно, три часа пред телевизиските камери отчет пред шефот на владата даваа министрите. Опозицијата од денеск

Премиерот Никола Груевски самоуверен и доминантен

Премиерот Никола Груевски самоуверен и доминантен

� почнува со политичкиот притисок и критики за досегашните резултати.

Сигурна во предноста од 15% наспроти рангирањето на опозицијата во последните анкети, како и доминантното расположение на 55% од граѓаните кои мислат дека ќе живеат подобро, владата влезе во невидена медиумска кампања на промоција на своите 100 денови владеење. По полноќ заврши денот на владата под мото ”Реализиравме, остваривме”. Четиричасовното телевизиско соочување на кабинетот на Груевски со најпознатите македонски новинари, беше завршен дел од кампањата за стоте денови на новата влада. Водителот на Македонската телевизија го отвори телевизиското соочување со зборовите...

”...И граѓаните и вие господине премиер ја споменавте економијата./ Токму темата економија е она за што може да ве прашуваат главните и одговорни уредници...”

Во студиото на МТВ доминираше портокаловиот под (победничката боја на ВМРО ДПМНЕ). Најдоминантен во телевизиското соочување, на кое беа присутни 40-тина луѓе, беше премиерот. Главниот уредник на ”Дневник”, Катерина Блажевска постави прашање околу реформите на судството:

”Сметам дека судството е рак рана на македонското општество во моментов и еден од најглавните противници на влезот на странски инвестиции, не директно, туку индиректно”.

Груевски одговори:

”Судството е таргет на нашите реформи во овој и во наредниот период и ние планираме многу мерки со кои што судството ќе го направиме поефикасно и потранспарентно, и помалку корумпирано отколку што е сега.”

Во телевизискиот дуел доминираа главно економските теми, криминалот, социјалните права, здравството, спектакуларните апсења од минатата недела, правата на пензионерите. Сосема при крај и две прашања за евро-атлантските аспирации. Шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, ја поврза либерализацијата на Шенген-режимот со преговорите за членство во ЕУ:

”Нашето почнување на преговорите за членство во ЕУ, барем така беше во неколку случаи на други земји кои беа ослободени од визниот режим и ние ќе гледаме што е можно побргу да дојдеме до тој датум и до почеток на преговорите, што ќе биде и дополнителен мотив за да добиеме политичка поддршка за либерализација.”

Дали македонските војници ќе бидат повлечени од кризните подрачја во Ирак и Авганистан, ако бидат жртви во тамошните мисии? Министерот за одбрана, Лазар Еленовски, кој преседа до еден часот по полноќ без да проговори, одговори:

”Пред еден ваков форум од 40 луѓе е навистина тешко да се дојде до збор. Јас сакам да бидам директен, отворен и транспарентен. Не праќаме какви било војници, или необучени и неподготвени војници. Сите сили кои што се пратени во мисии надвор од државата се апсолутно обучени.”

Телевизиското шоу, што синоќа беше следено од најголемиот број граѓани во Македонија, заврши откако претходно владата одржа телевизиска промоција за отчет на министрите за она што го сработиле. Долг владин ден, по стоте денови владеење. Политичкиот бон-тон за ненапаѓање завршува. Опозицијата од денеска офанзивно стартува со критики на власта.