1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Владата доби поддршка од Собранието

Собранието на Република Македонија со 42 гласови „за“, 68 „против“ и ниту еден воздржан, доцна вчеравечер не и’ изгласа недоверба на Владата. По речиси 12 часовна расправа не ја прифати интерпелацијата поднесена од СДСМ.

Образложението на опозицијата беше дека „ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преку двомесечната фингирана конфронтација ги загрозуваат меѓуетничките односии интеграциите на земјата“.

Владејачкото мнозинство го квалификува барањето на опозицијата како изнуден, неискрен потег кој не заслужува да добие поддршка, и блеф со единствена цел, да се внесе хаос во државата и да се продуцираат меѓуетнички тензии.

Премиерот Никола Груевски кој се обрати пред гласањето, изрази благодарност за интерпелацијата зашто нејзиното поднесување, како што рече, ги исфрли на површина суштинските разлики меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Според него, пратениците и членовите на СДСМ не се навикнати некој политичар да реагира принципиелно, да биде чесен и искрен.

Mazedonien Ministerpräsident Nikola Gruevski

Премиерот Никола Груевски жестоко ја нападна опозицијата

„Вие се’ гледате низ призмата на сценарија зашто вашиот претседател на тој начин 20 години се одржува на политичката сцена. Мислите дека така треба, тој за вас е успешен човек. Сметате дека сите се такви, но грешите. Ние немаме никакво сценарио. Напротив, имаме принципиелни разлики кои се уште постојат, испливаа на површина и не се резултат на само еден настан, туку на повеќе“, рече Груевски.

Тој напомена дека не планира, ниту сака да биде претседател на Влада по секоја цена, да седи во фотелја и да прави секакви компромиси само за да ја задржи позицијата. Подготвен е, како што рече, и за избори, во ноември, декември, јануари, февруари, март...

„Додека сум премиер, сценарија нема да има. Можеби затоа ви е тешко да разберете многу мои постапки, затоа сте во иста ситуација и по седум години, со шест изборни порази. Токму затоа што сте такви народот ве казнува“, подвлече Груевски.

Тој го повтори ставот дека законот за зајакнувања на правата на бранителите треба да се донесе, но не и за т.н. борци на ОНА.

Mazedonien Das Parlament in Skopje

Следно гласање за недоверба е можно најрано за 90 дена

„Настанот во Слупчане беше контрапродуктивен и ако целта беше некакво помирување како што беше кажано потоа во јавноста, не се сфати така, туку како предизборна провокација. За мене тоа беше неприфатливо и веднаш го повикав министерот за одбрана, му го кажав тоа директно и жестоко реагирав на таквото однесување. Промената на таблите во училиштата по насилен пат е акт на провокација, ставањето провокативни имиња не придонесува во градењето доверба, како што не придонесува и незакоснкото менување на имињата со што се демонстрира непочитување на Уставот и законите“, посочи Груевски. За провкација, додаде, може да се смета и интонирањето на албанската химнапри почетокот на учебната или студентската година.

Во однос на евроатланските интеграции Груевски рече: „Не обвинувате дека сме ги забавиле евроатлантските интеграции. Тоа ми е најчудно зашто три пати по ред добивме позитивен извештај за напредокот на земјата и препорака од Европската комисија за почеток на преговорите, визна либерализација, на два НАТО самита добиваме потврда дека сме ги исполниле сите критериуми“.

Во текот на расправата генерален став на опозицијата беше дека Владата е во криза, меѓуетничките односи се загрозени, а економската состојба се полоша. ДПА најави дека ќе гласа воздржано и оти ќе му остави на албанскиот коалициски партнер да одлучи дали ќе падне Владата или не. ДУИ го квалификува ваквиот пристап како несериозен.

Според Деловникот повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена, освен ако тоа не го побараат мнозинството од вкупниот број пратеници.