Владата го поништи тендерот за ТЕЦ Неготино | Вести | DW | 31.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Владата го поништи тендерот за ТЕЦ Неготино

*

Македонската влада и официјално го поништи тендерот за термоелектраната Неготино, и таа останува во државна сопственост. Ова денеска го изјави владиниот портпарол Ивица Боцевски, кој појасни дека согласно тендерските правила владата има таква можност. Ова беше втор меѓународен тендер за ТЕЦ Неготино. Владата го поништи поради недоставување на комплетна документација од прворангиораниот на тенредот, конзорциумот, Хач. Првиот тендер кој беше распишан од претходната влада, а на кој победи австриски ЕВН, оваа влада го поништи поради понудената ниска цена.