1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Владата во Тунис ги обвини салафистите за тероризам

Еден човек загинал а 15 се ранети во вчерашните судири меѓу приврзаниците на радикалното исламистистичко движење „Ансар ал Шарија“ и безбедносните сили во Тунис.

По судирите на приврзениците на салафистичкото движење „Ансар ал Шарија“ и туниските безбедносни сили, владата на Тунис за првпат ги обвини салафистите за вмешаност во терористички активности. Организацијата „Ансар ал Шарија“ (Заштитници на Шеријатот) е вклучена во тероризам, изјави тунискиот премиер Али Ларајед за државната телевизија. Приврзениците на салафистичкото движење на повеќе места во земјата влегоа во судири со безбедносните сили. Најмалку едно лице загинало а 15 други се повредени во безредијата во недела во главниот град Тунис и во градот Кајруан во централниот дел од земјата , кои беа предизвикани од забраната на властите за оддржување на конгрес на исламистичкото движење, на кое веќе подолго време му се припишуваат тесни врски со интернационалната терористичка мрежа Ал каеда.

Според либиските медиуми, загинатиот е млад поддржувач на радикалниот ислам, кој загинал во судирите во Ат-Тадамун, предградие на престолнината Тунис. 11 од 15-те повредени лица се припадници на полицијата. Во вечерните часови туниското министерство за внатрешни работи соопшти дека воспоставило целосна контрола на ситуацијата во областите во кои се случија судирите.