1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Вкупно 109 години затворски казни за „Пајажина“

Во судскиот процес „Пајажина" денеска е изречена вкупна затворска казна од 111 години и три месеци д кои две години е условна затворска казна. Велија Рамковски доби 13 години затвор.

default

Во судскиот процес „Пајажина“ беа обвинети 23 управители и основачи на фирми на „Перо Наков“ за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители.

Со денешната пресуда, 19 лица се осудени на затворски казни, едно на условна казна, а три лица се ослободени од пресудата.

Највисока затворска казна во траење од 13 години, изречена му е на поранешниот сопственик на А1 телевизија, Велија Рамковски. Неговиот син Хеди Рамковски осуден е во отсуство на седум години затвор, колку што добија и Рамадан Ибраими и Нешер Рамиз, додека неговата ќерка Емел Рамковска и неговиот брат Амди Рамковски добија по шест години.

На исто толку осудени се и Жаклина Ѓорѓиевска, Невин Рауф, Зоран Митевски, Славица Маринковска, Рамадан Чичек и Бранко Пишек.

Дарко Перушевски е осуден на казна затвор во траење од 5 години и шест месеци, Ѓулфен Џемаили на пет, Наташа Крстановска и Слободан Пејовски на по четири, Жарко Стојановски на три години и шест месеци, додека Анета Кочишки е осудена на казна затвор во траење од две години и три месеци. Времето поминато притвор се зема во предвид како дел од отслужување на казната.

Александар Дамовски е осуден на условна затворска казна од две години, која ќе се активира доколку го повтори делото во наредните четири години.

Ослободителна пресуда добија Јасмин Латифовиќ, Марјан Танчевски и Мухамед Абди.

Автор: ЖА/ЕМФ/макфакс

Редактор: Е. Милошевска Фиданоска