1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Виц на сметка на Обама“?

На маргините на Генералното собрание на ОН, денеска (22.09.2009) во Њујорк ќе се одржи средба на тројката Обама-Нетанјаху-Абас. Целта е-чекор напред кон мировни преговори, но очекувањата на набљудувачите не се големи.

default

Барак Обама врши притисок

Израелската и палестинската делегација немаат големи очекувања од средбата на врвот која пред неколку дена ја свика американскиот претседател. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека тој не им припаѓа на политичарите кои сметаат дека запирањето на изградбата на доселенички населби на окупираните територии е од помош за Израел. Тоа Нетанјаху сака да му го стави до знаење и на неговиот домаќин - Барак Обама. За вториот канал на израелската телевизија, Нетанјаху изјави:

„За мене ’замрзнување’значи целосно запирање на градењето, кога не се градат ни станови, ниту училишта и градинки и не се овозможува нормален живот. Тоа сигурно нема да се случи.“

Во моментов, се градат 2400 станови за еврејски доселеници, а покрај нив има и 500 станови кои допрва ќе се градат, нагласи Нетанјаху. Затоа тој повеќе сака за зборува за ’ограничување на градењето’.

Benjamin Netanyahu George Mitchell

Бенјамин Нетанјаху и Џорџ Мичел

Нетанјаху има поддршка

Големото мнозинство во израелската владеачка коалиција пред самитот на тројката во Њујорк, застана зад премиерот Нетанјаху. Се вели дека било исправно што e пружен отпор на притисокот што го вршат Обама и неговиот пратеник за Блискиот исток, Џорџ Мичел. Единствено пратеникот Јули Тамир од Работничката партија го критикуваше израелскиот премиер:

„Сега вели не, не и повторно не, ќе градиме населби и натаму. Сметам дека поради американскиот притисок ќе ги промени ставовите и ќе се согласи со еден дел од барањата, но и натаму ќе биде третиран како некој што се спротивставува, некој кој мора да биде принуден на такво нешто. Но, ние така го губиме водењето на процесот.“

Израелските медиуми за средбата меѓу Обама, Нетанјаху и Абас пишуваат како за „фототермин“. Еден голем весник средбата отворено ја нарече „Виц на сметка на американскиот претседател“.

Палестинците се огорчени

Во редовите на палестинската делегација на Махмуд Абас владее огорченост поради тоа што Обама свика средба и покрај тоа што Абас повеќепати рече дека не се согласува со средба без претходно да запре градењето израелски населби. Блискиот соработник на Абас, Суфиан Абу Заида изјави дека врз палестинскиот претседател е извршен голем притисок да дојде на средбата:

„Махмуд Абас сакаше на Американците да им каже „не“. Дел од арапските владетели, со кои има добри односи, го замолија да отиде на средбата и да не му откаже на Обама. Палестинците немаат ниту најмали очекувања. Мислам дека оваа средба се одржува само колку да се каже дека се одржала.“

Автор: Клеменс Ференкоте/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска