1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вицепремиер наместо оставка

Португалскиот премиер Педро Пасос Коељо се обидува да ја преброди кризата на владата со отстапки за помалиот коалиционен партнер.

Премиерот мора да прави големи отстапки - на Пауло Портас, лидер на малиот коалиционен партнер ЦДС-ПП, партија која обезбедува мнозинство во парламентот, му е дадена вицепремиерска функција. Портас, кој досега беше министер за надворешни работи, не само што останува во владата, туку како вицепремиер ќе биде надлежен за економската политика на земјата и ќе има обврска да ги координира преговорите со Тројката (ЕК, ЕЦБ, ММФ). Портас (на фотографијата лево, покрај премиерот Коељо) пред неколку дена поднесе „неотповиклива оставка“ затоа што не бил согласен со политиката на премиерот Коељо. Премиерот тогаш нагласи дека нема да ја прифати оставката. Во петокот (05.07) партијата на Портас постигна согласност со социјалдемократската ПСД на Коељо за продолжување на владејачката коалиција. „Наша обврска е да гарантираме стабилност, која е неопходна за надминување на тешката политичка ситуација во која се наоѓаме“, рече Коељо.

Ден пред Портас да поднесе оставка, инаку, од функцијата се откажа и министерот за финансии на Португалија Витор Гашпар, архитектот на строгата политика за штедење, кој имаше и силна позиција во владиниот кабинет. Тој оставката ја образложи со се' помала подршка во рамките на владата. По двете оставки, поради проблемите на Протугалија, на светските берзии имаше турбуленции. Земјата во мај 2011 година се обврза на драстична програма на штедење, за да добие меѓународна помош. Благодарение на 78 милијарди евра добиени од меѓународните донатори, Португалија избегна државен банкрот.

Длабоките резови во државниот буџет во изминатиот период предизвикаа масовни протести и генерални штрајкови. Економијата е заслабена. Квотата на невработеност во Португалија се искачи на рекордно ниво на повеќе од 18 проценти. Ова за Португалија е најтешката економска криза од 70 години на минатиот век.