1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Витлеем е повторно полн

Родното место на Исус, Витлеем, се чини полека се опоравува од депримирачките години на Интифадата.

default

Годинава за Божик центарот на Витлеем е украсен, а од продавниците за сувенири се слушаат звуците на „Тивка ноќ“. Првпат по септември 2000 година, кога почна второто палестинско востание, сите хотели во Витлеем се повторно целосно полни.

Бројот на посетители на Витлеем, според податоците на министерството за туризам, годинава изнесува околу два милиони, или речиси исто толку како во времето пред Интифадата. Христијанските аџии доаѓаат без оглед на

Touristen in Betlehem

Градот треба повторно да се направи поатрактивен за посетителите од Западниот брег, но пред се‘ од странство

ѕидот висок девет метри кој се протега во градот и без оглед на воените гранични контролни станици, на кои се чека долго.

Атрактивен за сите

Градот треба повторно да се направи поатрактивен за посетителите од Западниот брег, но пред се‘ од странство. И покрај лошите услови и неизвесната иднина, палестинските автономни власти, со меѓународна поддршка, веќе сега инвестираат големи износи во Витлеем. Црквата на Христовото раѓање треба да се реставрира. „Потребен е итно нов покрив“, вели младата министерка за туризам Колоуд Даибес, која веќе не се фокусира само на аџиите.

Витлеем треба да стане атрактивен и за т.н. „политички туристи“, кои се‘ повеќе и токму поради тешката состојба доаѓаат во посета на градот. Мотото на овогодинашниот Божик би требало да го опфати двете групи. Тоа гласи: „Да се молиме за слободата на Палестина“. 2011 година би требало да биде година на мир. Туризмот, инаку, е една од малкуте бранши во кои Израелците и Палестинците разговараат во доволна мера едни со други.

Автор: ЕМФ/ АТ/ епд/ дапд

Редактор: Александра Трајковска