1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Вистинско перење на мозокот

Кога ќе се каже „перење на мозокот“ вообичаено се мисли на психолошко влијание. Вистинско чистење, меѓутоа, е многу добро за нашиот мозок, по можност дури и перење во текот на денот, велат научниците.

Нашето тело функционира во основа како многу компликувана фабрика. Во различни реактори постојано има размена на материи, при што се создава големо количество отпад. Тука е неопходен лимфниот систем. Тој треба да се погрижи за отстранување на предизвикувачите на болести, туѓи честички или, на пример, отстранување на клетки на тумор. Сепак, ваквиот сервис на чистење што го има телото не стигнува до мозокот. И тоа и покрај фактот што во овој орган има најголема размена на материи. Таму од минута во минута се отстрануваат голем број белковини кои можат да им наштетат на нервните клетки.

Чистење за мозокот

Интернационален тим научници на универзитетот Rochester Medical Center во САД сега откри како нашиот мозок се однесува со отпадните материи. Резултатите од своето истражување научниците ги објавија во списанието Science-Magazin. Наместо отпадните материи да му ги препушти на лимфниот систем за отстранување, нашиот мозок има сосема свој систем на чистење, таканаречен глимфен систем. Централна улога притоа имаат глијалните клетки, кои под притисок ги испумпуваат мозочната течност и отпадните материи од мозокот.

Symbolbild Innere Uhr

За перење на мозокот се потребни осум часа, велат научниците

Меѓутоа, овој процес не се одвива брзо. Научниците сметаат дека за целосно перење на мозокот се неопходни осум часа, секој ден. Тоа се случува токму во време додека се спие. Додека спиеме, се зголемува растојанието меѓу нервните клетки, така што нервната течност може да тече без проблем и на тој начин се острануваат отпадните материи.

Ако не се спие доволно, тогаш сервисот за чистење не си ја завршува целосно својата работа, предупредуваат научниците. Тоа, на долг рок, може да му штети на нашиот мозок. Последица, на пример, би можеле да бидат болести како Алцхајмер или Паркинсон. До вакви болести може да доведат материите опасни по здравје доколку тие не се отстранат. Затоа научниците препорачуваат да се легнува навреме и на нашиот мозок да му се остави доволно време за „туширање“. Тоа трае осум часа, но сепак е еколошко - отпадната течност се филтрира и рециклира.