1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вистински избор или не?

Германските власти го поддржаа изборот на Херман ван Ромпoј и на Кетрин Ештон на водечките две функции во ЕУ. Oпозицијата и дел од медиумите сметааат дека на Европа и е потребно посилно раководство од ова.

default

Новиот водечки двоец на ЕУ, Херман ван Ромпој и Кетрин Ештон

Уште вечерта кога падна одлуката германската канцеларка Ангела Меркел побрза демонстративно да ги поддржи новите персонални решенија во ЕУ. Тоа е извонреден избор и патот до донесување на одлуката може да служи за пример, истакна Меркел. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле од Москва му испрати честитки на новиот раководен двоец на Унијата. Тој ја истакна нивната компетентност и најави дека во совладувањето со претстојните предизвици и Херман ван Ромпој и Катрин Ештон можат да сметаат на поддршката на Германија.

Потребен е некој кој ќе ја застапува ЕУ а не себе си

Андреас Шокенхоф заменик- претседател на пратеничката група на владејачките демо-христијани во германскиот Бундестаг изрази задоволство од изборот на двете личности, кои досега беа пред се’ непознати: „Нам не ни е потребен некој кој сака популарност за себе, туку некој кој ја застапува Европската унија. Конечно не станува збор за личности туку за тоа дека со договорот од Лисабон имаме нова препознатливост кон надвор. Некој кој ја застапува Унијата, кој ја застапува заедницата, а не некоја нација. Тоа не е Белгијанец, тоа не е некој кој застапува мала, голема, северна јужна, стара или нова земја членка, туку сега имаме некој кој го застапува Советот кон надвор. И тоа е голем напредок, независно од личноста“

Deutschland Angela Merkel vor Europa Karte

Меркел: „Извонреден избор“

Шокенхоф реагира, кога медиумите секогаш одново истакнуваат дека најголемата земја -членка на ЕУ, Германија, останала со празни раце при номинацијата за врвните позиции во ЕУ: „Не станува збор за Германија, туку за Европската унија. И идниот претседатател и идниот висок претставник за надворешна и безбедносна политика не застапуваат некој дел од држава, тие не застапуваат некојси регион, тие ја застапуваат Европа. Суштинска претпоставка за да може да успее оваа номинација беше тоа што претседателот Саркози и канцеларката Меркел рано кажаа дека заеднички ќе го направат и остварат тоа. И поради тоа, тоа се кандидати на Германија.“

Претседавач, а не претседател

Кај опозицијата во Германија пак реакциите се мешани. Ребека Хармс, портпарол на пратеничката група на Зелените во германскиот Бундестаг, иако се радува дека со Ештон доаѓа женско засилување во машкиот свет на ЕУ, сепак истакнува дека биле избрани личности за кои многумина велат дека немаат харизма: „Истовремено заклучувам и дека шефовите на држави или на влади не постигнаа согласност, дека ерата на Лисабонскиот договор мора да биде отворена со еден многу силен претседател на Советот на ЕУ. Со номинацијата на Белгијанецот Херман ван Рампoj тие избраа попрво претседавач со Советот, и тоа не ми се допаѓа бидејќи верувам дека на Европа навистина и се потребни силни заеднички раководни личности.“

Автор: Рихард Фукс/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска