1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Вистински живот или лажни идоли?

Тие се најгледаните забавни емисии на милениумот, особено сакани од децата и младите: кастинг-шоу. Во овој телевизиски жанр се бараат глумци, пејачи и модели. Што ги привлекува толку младите луѓе кон овие емисии?

default

Победник на шоуто Германска Суперзвезда

Преку шест милиони гледачи седат пред телевизорот и го гледаат изборот на Германската суперзвезда. Од недела во недела, кандидатите на кастингот даваат се` од себе за да се пласираат во наредните изданија, се` додека еден од нив не ја освои титулата супер-ѕвезда. Една вчер, Хана и Пелин исто така го следат ова шоу. На масата има наполитанки, Кока-Кола, бонбони, се` што треба за една опуштена вечер пред телевизорот. Двете девојчиња, од кои едната има 13, а другата 12 години не се единствените кои сакаат да гледаат кастинг-шоуа: „Во понеделник, првите два часа на училиште ни се по ликовно и секогаш зборуваме за тоа што сме гледале на телевизија минатата недела и кој кандидат од кастингот најмногу ни се допаднал.“

Животните приказни особено интересни за гледачите

Sara Nuru Gewinnerin Germany's next Top Model

Една од победничките на шоуто Germany's Next Topmodel

За двете средношколки особено интересни се животните приказни на кандидатите. За нив интересно е и шоуто Germany's Next Top Model: „Ми се допаѓа што можеме да пратиме какви се’ нешта им се случуваат на девојките за време на кастингот. Навистина се интересни.“

Да навиваат за кандидатите кои ги сакаат, да се забавуваат додека гледаат, и потоа долго време да дискутираат за победниците - сетоа ова ги прави кастинг-шоуата особено сакани кај младата популација, вели медиумскиот педагог Маја Гец која спроведе истражување за значењето на овој телевизиски жанр кај децата и младите од 9 до 22 години. Таа тврди дека кастинг-шоуата се дел од секојдневието на младите, при што учат сосема несвесно: „Кога ги следат овие емисии, младите, всушност, го образуваат својот идентитет. На пример, кога на шоуто Germany's Next Top Model некоја девојка позира гола пред камерите, девојчињата дома размилуваат дали и тие би направиле такво нешто. На крај, сите заклучуваат дека никогаш не би го сториле тоа!“

Промена на вредностите

Кастинг-шоуата пренесуваат мноштво спорни вредности во јавноста, како на пример дека мора да се биде ѕвезда по секоја цена или, пак, дека мора да се постигне совршен физички изглед. Само така може да се победи конкуренцијата и да се освојат симпатиите на стручното жири. Кон тоа припаѓа и прилагодување кон мислењето на другите. Сето ова води кон промена на вредностите во последниве

Jordin Sparks Sängerin

Победничка на американскиот Idol

десет до дваесет години: „Политиката не е кул, волонтерството е се` помалку важно. За младите тоа повеќе не претставува вредност. Ним им е многу поважно да имаат брендирана облека и работно место од висок ранг.“

Истовремено, перспективата на младите денес е мошне неизвесна и мора да сметаат на тоа дека најверојатно нема да го постигнат социјалниот статус на нивните родители, вели Маја Гец: „Тоа врши голем притисок врз младите и поради тоа, не се справуваат со проблемите како луѓето во шеесетите кога излегуваа на улиците и гласно бараа да се смени политичкиот систем. Напротив, денешните млади генерации самите се обидуваат да се адаптираат на системот.“

Колкава е мотивацијата кај младите да учествуваат во кастиг шоу?

Mehrzad Marashi

Победник на шоуто DSDS

Назад пред телевизорот: во меѓувреме, сите кандидати настапија пред жирито на Германската Суперзвезда. Фаворитите на Хана и Пелин добро се претставија. Дали едно вакво шоу би можело да ги мотивира девојчињата да се пријават на кастинг? Хана никогаш не би го сторила тоа: „Не, не би се пријавила. Тоа би ми ја уништило кариерата, бидејќи нема да можам да одам на училиште.“

Девојчињата уште отсега прават големи планови за иднината иако нивните родители не зборуваат за тоа со нив: „Кога можам, зборувам за тоа. Секогаш велам: сакам да бидам тоа и тоа! Честопати ги менувам плановите, но имам уште многу време. Сега не е важно што сакам да бидам, туку какви оценки добивам, бидејќи со тоа ми се отвораат многу врати.“

И Пелин би сакала да се запише на универзитет и да им успешна кариера. И кај двете девојчиња се појави принципот да се даде се` од себе исто како што чинат кандидатите во популарните кастинг-шоуа. Значи, сепак научија нешто од нив без да приметат: мора да се биде успешен човек!

Автор: Благородна Григорова/ Далибор Стајиќ

Редактор: Борис Георгиевски