1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Студирање во Германија

Високи школи

Кој сака да стекне високо образование и притоа да добие увид во работното секојдневие нема да погреши ако одбере некоја од понудите на високите школи во Германија.

default

Високата школа во Бранденбург

Понудата на високите школи во Германија е ориентирана кон практична примена на стекнатите знаења. Наставната содржината се крои според потребите и условите кои ги наложува професијата за која некој студент покажува интерес. Најголемиот број високи школи веќе ги воведоа европските високообразовни степени според Болоњската декларација: бачелор и мастер. Иако истражувањата стануваат се` поважни и за овој тип на високообразовни институции, за нив најважна се науката и пренесувањето теоретски знаења.

Сериозна конкуренција

Alanus Hochschule

Висока школа за уметност и општество „Аланус“

Некогашната помала „сестра“ на универзитетот, високата школа, од нејзиното раѓање пред околу 30 години до денес израсна во сериозен конкурент како образовна институција. Нејзина првобитна цел беше поставување цврста теоретска подлога за понатамошната практична подготовка на инженерите, економистите и социјалните работници, па затоа е позната и како „школа на модерното индустриско општество“.

Предности за економијата

Високите школи имаат многу предности како за студентите, така и за работодавачите: насоченост кон некоја конкретна професија, однапред структурирани наставни планови и пократко време на студирање отколку на универзитет. Наставниот кадар на високите школи во основа го сочинуваат луѓе кои имат долгогодишно искуство во својата експертска област, а многу често се и менаџери кои добро ги познаваат потребите на претпријатијата и трендовите на пазарот. Високите школи се доста флексибилни и интернационално ориентирани - нивните апсолвенти профитираат од тоа: имаат добри изгледи за работно место во слободната економија. Успешни завршени студии на висока школа не може да се надоградат со понатамошни образовни степени како мастерски или докторски студии, иако постојат и исклучоци.

Автор: Клаудија Унзелд / Габи Ројхер / Далибор Стајиќ

Редактор: Александра Трајковска