1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Високи цели, малку постигнати резултати

Американскиот претседател Џорџ Буш со посетата на Египет ја заврши блискоисточната турнеја. Буш сакаше да го придвижи мировниот процес, но и уште повеќе. Коментар на Петер Филип

default

Антиамерикански протести во Египет

Џорџ Буш очекуваше многу од неговата осумдневна турнеја на Блискиот исток. Ако е искрен кон себе ќе мора да си признае дека не ги оствари зацртаните цели. Буш сакаше да го придвижи мировниот процес меѓу израелците и палестинците. Сакаше да го засили и прошири фронтот против Иран, да ја поттикне демократијата во регионот и да влијае за намалување на растот на цената на нафтата. Се чини дека од тоа не успеа да оствари ништо. Неостварена е и надежта дека во последната година на функцијата претседател би можел со успех на блискиот исток да си осигура место во историјата. Централна тема на разговорите без сомнеж беше израелско палестинскиот конфликт. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот лидер Махмуд Абас кои од своја страна сакаат политички да преживеат, заинтересирани се за постигнување на успех. Тие се согласија за почеток на сериозни преговори. Заради тоа Олмерт загуби еден конзервативен коалиционен партнер, но од друга страна досега тој не отстрани ниту една илегална еврејска населба, ниту пак ги отстрани уличните барикади на палестинските територии. Наместо тоа тој ги засили нападите врз Хамас во појасот на Газа и на Западниот брег. Поголема флексибилност не само што би го олеснила животот на Абас туку и на разговорите на Буш во заливот, во Ријад и во Египет. Таму се подготвени да го поддржат мирот меѓу израелците и палестинците. Арапската лига тоа веќе подолго време го документира, но се очекува од Израел да ги предаде окупираните територии и подобри зборови од Вашингтон. Се додека тоа не се случи, не може да се смета на поддршка на политиката на Буш кон Иран. Дотолку повеќе што американските тајни служби сами ја намалија силата на ставот на Буш за атомската опасност од Техеран. Овие земји сакаат свој мир, без проблеми со Иран и влегување во авантура со неизвесен резултат.