1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Високите цени на храната предизвикуваат кризи со глад

Цените на храната во светот се зголемени во споредба со јули минатата година просечно за 33 отсто, а десетици милиони луѓе, на прво место во земјите во развој, се наоѓаат под закана од глад, предупреди Светската банка.

default

Светска банка денеска го објави последниот извештај за индексот на цените на прехранбените производи. Во него се наведува дека цените се блиску до највисоките показатели од 2008 година. Пченката поскапела за 84 отсто, шеќерот за 62 отсто, пченицата за 55 отсто, а цените на кафето скокнале за 45 отсто.


Robert Zoellick / Weltbank / Washington

Роберт Зелик

Како што подвлекува претседателот на банката Роберт Зелик, држењето на високите цени на храната, а исто така и ниските резерви од храна, говорат дека остануваме во опасната зона, каде најмногу страдаат ризичните групи од населението.
„Особено трагична е ситуацијата како резултат на дејствувањето на три фактора - високите цени на храната, потребите од храна и нестабилноста на Африканскиот рог“, продолжи тој. Таму, според оценки на Светската банка, од кризата се засегнати над 12 милиони лица.

Според Зелик, банката ги интензивира своите напори за давање краткорочна и среднорочна помош на земјите, како Кенија и Етиопија.
Банката, исто така, го зголемила годишното финансирање на земјоделските програми на шест до осум милијарди долари од 4,1 милијарди во 2008 година, дополни шефот на Светската банка.

Aвтор: ЖА/АТ/миа

Редактор: Трајче Тосев