1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Високите цени на бензинот се отров за стопанството“

Политичарите и економските експерти во Германија во периодот пред велигденските празници жестоко дискутираат за тоа како возачите и стопанството да се заштитат од растечките цени на бензинот.

Високите цени на бензинот во Германија се отров за стопанството, сметаат во Германската индустриска и трговска комора (ДИХК). Претседателот на комората Ханс Хајнрих Дрифтман истакна дека скапите нафтени деривати го загрозуваат економскиот раст во Германија. „Кога на ценовната табла за бензинот стојат 2 евра, економијата почнува да крцка. Високата цена е деловен ризик број еден за стопанството“, изјави Дрифтман за весникот „Билд“. Тој побара од владата да ги ограничи даноците за енергенси за да може да го поддржи стопанството и куповната моќ на граѓаните.

Во моментов цената за литар бензин од типот супер е значително над 1,60 евра. За велигденските празници, кои започнуваат в петок (06.04) се очекуваат нови рекорди. Владината коалиција во Германија во меѓувреме размислува за воведување на своевидна сопирачка на цените на бензинот и останатите нафтени деривати. Нафтените концерни и оператори со бензиските пумпи во Германија ги отфрлаат ваквите размислувања со образложение дека со такви ограничувања би се нарушила слободата на пазарот.