1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Висока мода од партали!

Никој во овие алишта не џогира, ниту тренира. Повеќе со нив се оди во клуб, на забава или на модната писта. Како на годинашната модна недела во Копенхаген.

Од стари тренерки и здодевни спортски јакни произлегува невообичаена мода. Вилфред Плецингер – неговото име до сега е главно познато во Скандинавија. А, сега 48 годишниот Вилфред живее и работи во Берлин.

„Бидејќи произведувам спортска облека или улична облека, најголемиот дел од неа е шарен и го привлекува вниманието. Во тоа сакам да посредувам со моите алишта“, вели дизајнерот на рециклирана облека Вилфрид Плецингер.

Повеќе од десет години модниот дизајнер работеше во Шведска, а меѓу другото и за модната марка H&M. Пред три години во Стокхолм тој основа своја сопствена марка, но Берлин во моментов за него е најинспиративната модна метропола во Европа. Тука Германецот во 90-тите години се школуваше за моден дизајнер и дизајнираше клубска облека за фановите на техно музиката.

Преработената облека чини и до 300 евра

Гледај видео 04:18

Преработена облека

А, тука денес тој наоѓа се’ што му треба за неговата работа – стара спортска облека и оригинални парчиња од 70-тите, 80-тите и 90-тите за помалку од пет евра по парче.

„Навистина е спонтано – материјалите, боите, дали ќе најдам нешто топ. Ако нешто ми се допаѓа, тогаш ми паѓа на памет што од тоа би можел да направам“, вели Плетцингер.

Апсајклингот, или претворањето на стари и отпадни материјали во нови производи со подобар квалитет, Вилфред Плецингер го откри во средината на 90-тите во Берлин. Во тоа време тој сакаше да привлече внимание со нови идеи и го преобрази „бапскиот“ мидер во крем боја во коктел-фустан. Денес тој е убеден апсајклер и не само поради еколошки причини.

„На пример, ги имам овие велосипедски хеланки, кои веќе се користени. А, од нив би можело да се направат сосема кул ракави“, вели Плецингер.

Материјалите и трошоците за производство на софистицираниот апсајклинг мораат да се исплатат. Тој својата облека рачно ја изработува. Секое парче е уникат и чини помеѓу 60 и 300 евра.

Облека која паѓа во очи

Во берлинското уметничко училиште Вилфред Плецингер организира работилници под мотото: „Преработи ја твојата облека!“

„Ова беше чанта. Јас ја пресеков рачката и потоа ставив нешто плетено“, вели Клара, учесничка на курсот.

Курсевите по уметност и дизајн Вилфред Плецингер ги води веќе од пред речиси 20 години. Исто така, тој и во Шведска работеше како учител.

Flash-Galerie Iran

Материјал за креациите се бара во старата спортска облека

„Јас интуитивно добро се снаоѓам со младите. Јас пред се’ многу научив за време на престојот во Шведска – многу добро ја развив мојата педагогија. И, едноставно знам во меѓувреме, како мора да се посредува, како да им се доближам на младите луѓе. Тоа ми прави задоволство и мислам дека ми лежи“, вели Плецингер.

Во неговото студио во центарот на Берлин Плетцингер ја продава својата мода со уникатни кроеви и форми. За неговите колеции се прашуваше пред се’ во Шведска, но во меѓувреме неговите муштерии почнаа да доаѓаат од цела Европа.

„Мора да се биде поекстровертен и индивидуалист, бидејќи мојата облека паѓа во очи. Исто така, тие знаат кои се и држат до себе. Тие се чувстуваат прилично млади и по малку секси“, забележува апсајклинг дизајнерот Вилфред Плецингер.

Шарено, фенси и еколошки свесно – мода за индивидуалисти.

Аудио и видео прилози на оваа тема