1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Високата цена на струјата и се заканува на македонската економија

Преговори меѓу раководствата на најголемите фабрики во Македонија и владиниот врв. Се бара решение за проблемот со високата цена на струјата на либерализираниот енергетски пазар.

default

Струја

Недостигот од струја и високата цена на електричната енергија и се закануваат на македонската економија.

Менаџерите на најголемите македонски фабрики на средба со премиерот Никола Груевски бараат решение на пробелмот, но тешко ќе се најде решение прифатливо за двете страни. Државата веќе не им испорачува струја на фабриките туку тие сами си ја увезуваат. Поради високите увозни цени најавуваат дека ќе го намалат производството, ќе отпуштаат работници, а некои дека сосема ќе ги запрат машините.

Владата од своја страна излезе со последна понуда за големите потрошувачи. Државата да им обезбеди одредено количество на струја, коешто не им е доволно, по цена поповолна од пазарната и толку. Државата не смее на своја штета да им продава струја на фабриките по пониска цена од набавната вели вицепремиерот Зоран Ставревски.

Опасноста од намалување на производството или целосно затварање на некои фабрики е реална. Тие досега набвавуваа ефтина струја од државата, а сега треба сами да се соочат со либерализацијата.