1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Вирусот во Германија се шири и натаму

Причините за стомачните заболувања се‘ уште не се познати, регистрирани се околу 8.400 случаи во источниот дел од земјата, досега најголема зараза веројатно предизвикана од храна.

Здравствените служби со полна пареа ја бараат причината за стомачните заболувања кај илјадници деца во покраините Берлин, Бранденбург, Тирингија, Саксонија и Саксонија Анхалт. Во меѓувреме инфекциите се шират, во петокот беа регистрирани околу 6.500 случаи.

Според институтот „Роберт Кох“, се работи за досега најголемото стомачно заболување веројатно предизвикано преку прехранбени производи. Потрагата по причинителот труењето со храна засега е безуспешна, но според резултатите од досегашните испитувања се множат укажувањата дека причинител е т.н. норовирус.

Од епидемијата се погодени повеќе од 8.400 ученици и деца како и некои педагози. Сите школски установи, каде изби епидемијата добивале храна од исти добавувачи.

Во повеќето случаи болеста се прележува без поголеми компликации. Само малкумина пациенти мораа да бидат стационирани. Норовирусот предизвикува дијареа и повраќање како и болки, гадење и температра.

Експертска група во меѓувреме трага по причинителот за избивањето на епидемијата. Тие ги прочешлуваат менијата во мензите, испитуваат проби од јадењата, и ги проверуваат патиштата на испорака. Засега се’уште не може да се утврди точното жариште на заразата, изјави портпаролот на министерството за заштита на потрошувачите Холгер Ајхеле.