1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Виолината од Титаник продадена за 1,063 милиони евра

Нејзиниот звук го следеше потонувањето на бродот Титаник. На нејзе свиреше шефот на оркестарот на бродот, Валас Хартли. Сега виолината е продадена на британски колекционер за 900.000 фунти.

Портпаролката на британската акционерска куќа Henry Aldrigde & Son, Кристин Олдриџ, за агенцијата АФП изјави дека продажбата на виолината не траела „ниту цели десет минути“.

Цената по која таа премина во рацете на британски колекционер ги надмина сите очекувања. Се проценуваше дека виолината е вредна меѓу 200 и 300 илјади фунти. Ова е досега најголем износ платен за некој до предметите кои се наоѓале на потонатиот брод. Според акционерската куќа, виолината е произведена во Германија во 1880. година, најверојатно во Берлин или Дрезден.

Виолината му припаѓала на шефот на оркестарот на Титаник, Валас Хартли. Малиот оркестар на бродот, ноќта кога Титаник потона (меѓу 14. и 15. април 1912. година), свирел се‘ до крајот. Сите осуммина музирачи го загубија животот во

Sinkende Titanic

Бродот Титаник потона на своето прво патување од Велика Британија кон САД и притоа од 2200 патници на бродот, животот го загубија 1500

несреќата. Телото на Хартли било извлечено од водата десет дена по несреќата, а на неговото тело бил прицврстен куферот од виолината, во кој бил инструментот. Виолината била подарок од свршеничката на Хартли, Марија Робинсон.

По несреќата, канадските власти и‘ ја предале на Робинсон виолината, а по нејзината смрт во 1939. година, инструментот по нејзина желба е дониран на мисионерското движење Војска на спасот. Подоцна виолината била подарена на семејство кое ја чувало со децении на таванот. Пред седум години семејството се обратило до акционерската куќа, која во март годинава ја потврди оригиналноста на инструментот.