1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Виновна е Ал Каеда?

По крвавиот напад врз христијанска црква во Александрија, кога бомбаш-самоубиец се разнесе со експлозив и усмрти 21 лице, египетската полиција уапси седуммина осомничени, за кои се верува дека се поврзани со нападот

default

Претседателот Хосни Мубарак го повика населението да остане смирено и им вети на христијаните, кои се малцинство во Египет, дека кој и да стои зад нападот - ќе биде изведен пред лицето на правдата. Првите знаци укажуваат дека и овојпат станува збор за дело на терористичката мрежа Ал Каеда.

Тешко вооружени припадници на безбедносните сили се секојдневна слика на египетските улици. Стојат пред цркви и џамии, музеи и храмови, пред амбасади и владини институции. По крвавиот напад на Нова Година во Александрија, нивното присуство е уште позабележливо. Цели трупи, опремени со

Protest Bombenanschlag Kopten Ägypten

Жртвите беа погребани во текот на викендот

шлемови, големи пластични штитови и пендреци, патролираат низ Каиро и останатите големи египетски градови. Целта им е да го заштитат населението од натамошни терористички напади и да спречат избивање на насилство.

„Со целата душа и крв му се принесуваме како жртва на крстот“, со вакви пароли разлутените христијани демонстрираа викендов против нивната дискриминација во Египет. Како што истакнува активистот за човекови права Ваел Абас, тие се чувствуваат оставени на цедило од владата.

„Ги обвинувам властите, кои на ден како Нова Година не се погрижија доволно за безбедноста на христијаните. Уште еднаш ја повторија истата небрежност, што веќе има доведено до други масакри во изминатите години.“

Печат на Ал Каеда

Шефовите на повеќето држави од арапскиот свет, како и голем број муслимански организации го осудија атентатот врз христијанската црква во Александрија, додека владата истакнува дека плановите биле кроени во странство.

Protest Bombenanschlag Kopten Ägypten

Разлутените христијани демонстрираа викендов против нивната дискриминација во Египет

Магед Реда Ботрос, член на египетската владејачка партија, истакнува:

„Нападот го носи печатот на Ал Каеда. Целта е да се испровоцира насилство во египетското општество. Го користат тој трагичен, катастрофален инцидент, за да ги свртат муслиманите против христијаните и обратно.“

Иако досега, пред се` од Ирак, стигнувале закани на адреса на египетските христијани, засега нема конкретни докази дека најновиот напад во Александрија е испланиран од ирачка терористичка мрежа. Напротив, од безбедносни извори се дознава дека египетската полиција се концентрира на група локални исламистички фундаменталисти. Тие наводно се под влијание на Ал Каеда, меѓутоа не се директно поврзани со терористичката организација.

Автор: Линда Штауде / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина