1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Винарниците во заеднички поход на странските пазари

„Иднината на винската индустрија во Македонија е во заедничкиот настап на винарниците од земјата на странските пазари и создавање перцепција за Македонија како земја на виното“.

default

Македонски вина

Така гласи главниот заклучок на стратегијата на винскиот сектор во Македонија на која заеднички работеа винарниците Тиквеш, Стоби, Сковин, Бовин,
Далвина, Попова Кула, Вардарска долина, Еземит, Филовски и Имако, кои
всушност претставуваат 95% од вкупната продажба и извоз на вино од
Македонија.

Во изработката на овој клучен документ за винската индустрија освен стручни
тимови од винарниците и Министерството за земјоделие шумарство и
водостопанство, поддршка дадоа и Холандската агенција CBI (Centre for the
promotion of imports from developing countries) и АгБиз програмата УСАИД.

Grüne Woche Berlin

Претставување на македонските вина на „Зелената недела“ во Берлин во 2010. година

Анализите и истражувањата дека најголем потенцијал за успешен пласман на македонските вина се пазарите во Холандија, Словенија, Швајцарија и Полска.
Овие пазари се покажаа како најпотенцијални врз основа на неколку параметри
како што се големина на пазарот, потрошувачка на вино по глава на жител,
очекуван раст, можни бариери и можна пенетрација на пазарот, достапност,
приемливост за нови вина и можни закани за македонското вино.

Холандија- прва цел


„ Иднината на винската индустрија е во заедничкиот настап на винарниците од
Македонија. За да се постигне поединечен успех на странските пазари, најпрво
мора со заеднички сили да работиме на создавање на перцепција за Македонија како винска земја или како земја од каде доаѓа врвно вино. Дури потоа можеме да зборуваме за поединечни чекори. Знаејќи го тоа ние започнавме да работиме на нешто што е многу поважно од нашиот поединечен успех како компании, а тоа е градење на имиџ за нашата земја и инвестирање во иднината. Оваа стратегија што е денес пред нас е наш заеднички став каде и како треба да се движи винската индустрија“, изјави Светозар Јаневски претседател на здружението „Вина од Македонија“.

Weinanbau in Mazedonien

Работа на лозје во близина на Кавадарци



Согласно заклучоците од Стратегијата за настап на странски пазари, за 2012
година предвидено е здружување и заеднички настап на македонските винарници преку деловни здруженија, промоција на Македонија и македонските вина на таргетираните пазари, развој на ознаки за географско потекло и развој на винскиот туризам. Холандија е прв пазар на кој во мај годинава ќе започнат
заедничките активности, а до крајот на годината, треба да се резлизираат и
активностите на другите пазари.

Автор:СН/ЖА/мф

Редактор: Жана Ацеска