1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Вилем-Александер е новиот крал на Холандија

Нова ера за монархијата во Холандија: Кралицата Беатрикс абдицираше, по што на холандскиот трон застана нејзиниот син Вилем-Александер. Еден милион посетители пристигнаа да го прослават спектаклот.

Крунисување во Холандија не е вообичаено: Новиот крал се заколнува над Уставот. Откако Вилем-Александер во Амстердамската нова црква ќе биде воведен во новата функција, членовите на двата дома на Парламентот свечено ќе се заколнат дека ќе ги почитуваат правата на кралот. Стотици илјади гости од земјата и од странство прославуваат крај појасот канали во Амстердам и останатиот дел од градот.

Прекината ерата на кралиците

Гледај видео 00:53

Беатрикс потпиша дека абдицира од круната

Кралицата Беатрикс претпладнево го потпиша документот дека абдицира од круната. Нејзиниот син Вилем-Александар, на возраст од 46 години „во секој поглед е подготвен“ за новата задача како крал, подвлече досегашната холандска кралица Беатрикс во синоќешното телевизиско обраќање до нацијата. Беатрикс му се заблагодари на народот за довербата и поддршката за време на целиот нејзин мандат. Со преземањето на тронот од Вилем-Александер земјата за првпат по 123 години повторно има крал - по смртта на кралот Вилем Трети во 1890 година на холандскиот трон до денес беа кралици.

Вилем-Александер е новиот крал на Холандија, но земјата сега повторно има наследничка на тронот, од денеска тоа е најстарата ќерка на Вилем-Александер, Амалиа. Таа има девет години и е најмладата принцеза престолонаследничка во светот. Сопругата на Вилем- Алексдандр исто така отсега е кралица, но нема функција на шеф на држава како нејзиниот сопруг. 75 годишната Беатрикс сега повторно ја носи титулата принцеза.

Масовни мерки за безбедност

Свечено накитениот Амстердам благодарение на стотиците илјади посетители од голем број земји стана „портокалов главен град на светот“, рече премиерот Марк Руте. За безбедноста се ангажирани 12.500 полицајци.

Во пресрет на денешното абдицирање Беатрикс синоќа приреди свечена вечера со почесни гости во новоотворениот Ријкс-музеј во Амстердам. Меѓу гостите на свеченоста беа претставници на војводски и кралски куќи, меѓу нив и британскиот престолонаследник, принцот Чарлс со сопругата Камила, кој се’уште мора да чека да стане крал...

Аудио и видео прилози на оваа тема