1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Виктор Орбан ја обвинува ЕУ за колонизирање

Унгарскиот премиер ја обвини ЕУ за колонијалистичко однесување, непочитување на суверенитетот на земјата и мешање во внатрешните прашања.

default

Виктор Орбан

Зборувајќи пред повеќе од 100.000 луѓе, на одбележувањето на годишнината од револуцијата во 1848 против Хабсбуршката монархија, Орбан ги бранеше владините политики, кои се под жестока критика на ЕУ.

„Нема да бидеме колонија“, рече Орбан и додаде: „Унгарците нема да живеат според наредби на странските сили и нема да ја дадат независноста и својата слобода“.

Тој укажа и дека Унгарија ќе го брани својот Устав, одобрен минатата година од владиното мнозинство, без поддршка на опозицијата. „Сами го пишуваме уставот и не сакаме непобарана поддршка од странци, кои сакаат да не водат за рака“, рече Орбан.

И покрај популистичката рекорика на премиерот Орбан, Унгарија веќе направи амандмани на некои од најспорните закони, за да бидат во согласност со европското законодавство. Ако не се направат промените, тогаш Унгарија ќе биде исклучена од финансиската помош на ММФ и ЕУ.

Орбан вчера зборуваше пред своите приврзаници, но паралелно со тој митин се одржуваше и минитнг на опозицијата против унгарскиот премиер. Локалните медиуми јавуваат дека симпатизерите на Орбан биле помногубројни од оние на опозицијата. Медиумите јавуваат за бројка од 100.000 приврзаници, додека во владиното соопштение стои дека на националниот празник се собрале околу 250.000 лица. Опозиционерите на паралелниот митинг наведоа 12 барања меѓу кои и слобода за изразување и вероисповед, како и независно судство.

Автор: Александар Методијев /БГ/ап/миа

Редактор: Симе Недевски