1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Викиликс почнува со објавување на мејловите на „Стратфор“

Викиликс соопшти дека од денеска (27.02) почнува со објавување на повеќе од пет милиони мејлови на американскиот истражувачки центар „Стратфор“.

Во соопштението на интернет-страницата Викиликс се наведува дека добил пристап до голема количина на интерни и екстерни кореспонденции на компанијата која се занимава со геополитички анализи и е специјализиран во сферата на глобалната безбедност, а чие седиште е во главниот град на Тексас, Остин и која своите анализи ги изработува врз основа на доверливи податоци и за нив наплатува.

„Имаме приватна разузнавачка фирма, која се заснова на информатори од американската влада и странски разузнавачки служби со сомнителна репутација, како и на новинарите“, изјави основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Wikileaks Internet Botschaftsdepeschen USA ungeschwärzt

Според него, загрижувачки е тоа што цел на анализите на „Страфор“ меѓу останатите, се и активисти на некои организации кои за борат за „вистинските цели“.

Извршниот директор и основачот на „Стратфор“ Џорџ Фридмен предупреди на 11-ти февруари дека е извршена кражба на електронската пошта на компанијата. Во декември во компјутерската мрежа на таа компанија упаднаа поединци, кои тврдат дека се поврзани со групата на сабјер-активистите „Анонимуси“.

Викиликс веќе објави илјадници дипломатски депеши во врска со американските војни во Ирак и Авганистан, што предизвика реакции од Вашингтон.

Асанж е во домашен притвор во Велика Британија, каде води правна битка да не биде екстрадиран во Шведска, каде е обвинет за наводни сексуални злосторства.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска