1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Викиликс: На Санадер му „пресуди“ мафијата

Санадер дал оставка на функцијата премиер на Хрватска поради закани на мафијата, -или ќе си замине од политиката или ќе почнат да му убиваат членови од семејството, тврди Викиликс.

default

Објавената информација на сајтот на Викиликс е во делот Организиран криминал, а се појави вчера како дел од објавените пет милиони мејлови на американската приватна разузнавачка служба Стратфор.

„Изворот ни тврди дека Иво Санадер поднел оставка заради организирниот криминал. Во принцип, тој имал некаков договор со пристаништето Плоче, на местото каде Хрватска требаше да гради ЛНГ терминал. Тој во принцип се вмеша во организираниот криминал, а тие му дадоа избор или да се повлече или ќе почнат да му го убиваат семејството, напишал во наведеното известување за Стратфор хрватскиот аналитичар Марко Папиќ.

Папиќ во мејлот истакнува дека Санадер ги следел наредбите на мафијата и истакнува дека веќе подолго време објаснувал дека Хрватска во целост е под палката на организираниот криминал.

„Земјата е преполна со организиран криминал. Проблемот е во тоа што граѓанските војни во Југославија имаа влијание црз целиот регион, па на воените профитери им дозволија да продолжат со своите активности и по војната. И во Србија има организиран криминал, но тој не е толку моќен како во Хрватска, бидејќи убиството на Ѓинѓиќ на државата и‘ даде поттик да ги исчисти главните елементи на најсилниот организиран криминал“, напишал Папиќ

„Тоа навистина се интересни работи... Ова со Санадел е налудничаво (иако очекувано)“, на Папиќ му одговорил колегата Еуген Чаусовски, кому мејлот му бил упатен.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Симе Недевски