1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Викиликс најде спас во Швајцарија

Викиликс продолжува да функционира и покрај новата блокадата од американската компанија која досега ја хостираше нејзината интернет-страница. Во Германија падна и првата оставка поради скандалот со тајните документи.

default

Интернет страницата Викиликс денеска мораше да ја промени својата адреса, но успеа да остане активна за сите нејзини читатели, откако американската компанија „Евериднс“ и го откажа гостопримството. Викиликс досега ги користеше серверите на „Евериднс“, но од компанијата доцна синоќа соопштија дека морале да го откажат хостирањето на сајтот, откако се соочиле со постојани напади кои го попречиле нормалното функционирање и на други интернет страници кои ги услужува.

Доменот на Викиликс утрово се пресели во Швајцарија, а новата адреса завршува со кратенката „цх“ карактеристична за оваа земја.

„Кртот“ на Либералите си замина од функцијата

Во Германија пак, откриените тајни документи на американскиот Стејт Департмент ја зедоа и првата „жртва“. Шефот на партискиот кабинет на шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле, Хелмут Мецнер мораше да си поднесе оставка откако беше откриено дека ја снабдувал со информации американската амбасада во Берлин. Медиумите долго шпекулираа за личноста која на Aмериканците им предавала доверливи информации за минатогодишните преговори за формирање на новата германска Влада, но и други детали од политичкиот живот во земјата.

Откако беше откриено дека се работи за 41-годишниот Мецнер, тој ја напушти функцијата, но ќе остане и натаму член на партијата на Либералите со други должности.

Wikileaks veröffentlicht Dokumente US Außenpolitik

Соработникот на Гидо Вестервеле си замина од функцијата

Откривањето на тајната кореспонденција и оценките содржани во нив, ја подигнаа атмосферата во Берлин, а по скандалот повеќемина политичари од редовите на Либералите побараа оставка и од американскиот амбасадор во земјата, Филип Марфи, оценувајќи дека „соработката со него повеќе не е можна поради обостраната недоверба“.

Во тајните депеши, од кои нови детали секојденвно објавуваат германските медиуми, германската канцеларка Ангела Меркел беше опишана како „некреативна“, а шефот на дипломатијата Вестервеле како „некомпетентен“.

Автор: БГ/афп/бета/макфакс

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина