1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Викиликс досега објави „трошка“ за Македонија

Во тајните документи на американскиот Стејт Департмент кои ги објавува „Викиликс“ има повеќе од 500 депеши од американската амбасада во Скопје, но тие се‘ уште не и‘ се достапни на пошироката јавност.

default

Во документите на Викиликс има многу податоци за Македонија

Викиликс досега објави нешто повеќе од 200, од вкупно најавените повеќе од 250 илјади тајни документи на американскиот Стејт Департмент. Во нив, Македонија се споменува на само едно место, како тема во разговорот меѓу американскиот заменик државен секретар Филип Гордон и советникот за надворешна политика на францускиот претседател Жан-Давид Левит, кој се одвивал во Париз на 11 септември 2009 година.

Двајцата дипломати разговарале за спорот за името меѓу Македонија и Грција и во него, Левит изразил оптимизам дека новата грчка влада ќе биде постабилна и ќе овозможи поголема флексибилност за решавање на проблемот. Гордон изразил надеж дека меѓународната заедница ќе го убеди македонското раководство да ја отфрли идејата за организирање референдум за името, а Атина да се откаже од барањето за промена на пасошите. Доколку тоа се случи, можен е напредок, рекол американскиот заменик-државен секретар Филип Гордон.

Според германскиот магазин „Шпигел“, во тајните документи кои се‘ уште не и‘ се целосно достапни на пошироката јавност, има повеќе од 500 депеши испратени од американската амбасада во Скопје до централата во Вашингтон, во периодот од 2000-та до 2009 година.

Некои грчки медиуми денеска јавија дека шефот на тамошната дипломатија Димитрис Друцас веќе реагирал со протест до американските претставници во Атина, поради тоа што во дел од документите била презентирана многу негативна слика за грчките активности во спорот за името, но според некои извори, и поради грчката улога во конфликтот во Македонија од 2001 година. Таквите информации засега не се официјално потврдени.

Автор: БГ/викиликс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска