1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Викиликс доби податоци за даночни грешници

Платформата Викиликс денеска (17.01) во Лондон доби голем број податоци за можни затајувачи на данок од цел свет.

default

Поранешниот швајцарски банкарски менаџер Рудолф Елмер, кој порано работел во банката „Јулиус Бер“ му ги предал податоците на основачот на Викиликс Џулијан Асанж. Меѓу даночните грешници, наводно, се наоѓаат многу познати личности, водечки стопанственици и пратеници од САД, Велика Британија и Азија.

„Информациите ќе ги третираме како сите останати што ги добиваме“, изјави Асанж во лондонскиот Фронтлајн клуб. Тој го пофали Елмер за неговиот потег, кој наводно треба да расветли некои темни бизниси во финансискиот свет.

Schweiz Deutschland Steuersünder Steuern CD

Кога ќе биде познато што навистина содржат ЦД-ата?

Викиликс во моментов работи на објавувањето на околу 250.000 депеши на американското министерство за надворешни работи, така што можеби ќе поминат повеќе недели додека на ред дојдат банкарските податоци.

Елмер е на суд

Елмер, кој и порано предавал документи на меидумите и на Викиликс, пред новинарите во Лондон изјави дека има намера да го разоктрие системот на офшор-банки. „Сакам општеството да знае како функционира системот“, изјави екс-банкарот.

Инаку, Елмер во среда, во Цирих треба да се појави пред суд поради кршење на правилата на Законот за тајноста на податоците на швајцарските банки. Швајцарецот бил вработен во банката „Јулиус Бер“ до 2002 година, кога добил отказ. Тој работел како функционер на банката на Кајманските Острови, кои важат како „рај“ за формирање офшор компании и сметки, што обично служат како покритие за одбегнување на плаќањето данок.

Автор: ЕМФ/ЖА/дапд

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска