1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Викиликс го прекинува објавувањето информации

Интернет порталот кој објави голем број доверливи документи пред се’ на американската администрација најави дека привремено прекинува со тоа, поради недостаток од пари.

default

Интернет страницата Викиликс

Веб страницата Викиликс објави денеска (24.10.) дека ги суспендира објавувањата на доверливите американски дипломатски документи, со цел да се фокусира на осигурувањето на сопственото преживување.

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж соопшти дека како резултат на финансиската блокада спроведена од Виза, Мастеркард и други организации, е присилена привремено да го прекине објавувањето на доверливите информации.

До крајот на годината Викиликс ќе престане да функционира?

Julian Assange Auslieferung nach Schweden

Основачот на Викиликс , Џулијан Асанж

На пресконференција во Лондон Асанж ја осуди блокадата како политички мотивирана и го поврза тоа со објавувањето на десетици илјади доверливи американски дипломатски депеши на неговиот интернет портал.

Многу од нив се однесуваа на војните во Ирак и Авганистан додека други содржеа искрени и понекогаш засрамувачки заклучоци за светските лидери од страна на американските диипломати, што предизвика голем гнев во Вашингтон.

Асанж изјави дека Викиликс ќе покрене судска постапка против блокадата ширум светот но предупреди дека таа претставува егзистенцијална закана за неговиот сајт и доколку не биде тргната до крајот на годината Викиликс нема да може да продолжи со работа.

Поранешниот австралиски хакер во моментов се наоѓа во домашен притвор во Велика Британија и по судкси пат се бори против негово израчување во Шведска , која по него распиша меѓународен налог за апсење поради обвиненијата за силување.

Асанж ги отфрла тие обвинувања , за кои вели дека се политички мотивирани.

Автор: АМ/СН/афп/ртр

Редактор: Симе Недевски