1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Виз Ер“ отвора оперативен центар во Македонија

Нискобуџетната унгарска авиокомпанија која веќе ги промовираше своите евтини летови од Скопје, во следните два месеци ќе отвори оперативен центар.

default

Нискотарифната авиокомпанија „Виз Ер“ во октомври ќе отвори оперативен центар и во Македонија, најави извршниот директор на компанијата Јозеф Варади.

„Нашиот план е во следните два месеца да отвориме нова база од земја од која ќе работиме, а тоа е Скопје во Македонија“, најави Варади во разговор со српски новинари во Белград.

На тој начин компанијата ќе има 16 оперативни центри во девет европски земји.

Унгарската нискобуџетна компанија држи 249 линии за 78 дестинации во вкупно 28 земји и вработува 1.500 работници. „Виз Ер“ годинава очекува 12 милиони патници, откако минатата 2011. превезе 11 милиони патници.

Унгарскиот авиопревозник влезе во Македонија во јуни годинава со субвенции од македонската влада, и најави дека ќе лета на шест нови дестинации по ниски цени.

Најавено беше дека „Виз Ер“ во Македонија ќе инвестира 80 милиони долари и ќе отвори 300 нови работни места.