1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Визниот режим и албанското приморје

Македонските граѓани кои ќе летуваат на албанското приморје нема да мора да плаќаат визи за влез во Албанија, oва пред двa месеца го вети албанскиот премиер Сали Бериша, но тоа не е оствари.

Плажа во Албанија

Плажа во Албанија

Туристичката сезона е во полн ек, а во Албанија на сила е старата законска регулатива според која за влез во оваа земја за сите други освен за припадниците на албанската националност се наплатува влезна виза од 5 евра ако се земе од Албанска амбасада односно 10 евра на граничните премини. „Моментно работиме по стара законска регулатива, измени нема, доколку бидеме известени веднаш ќе го спроведеме“ вели Буја Рала, шеф на полициската станица на македонско – албанската граница кај Дебар. Рала особено е задоволен од соработката со македонските колеги, бидејќи и двете земји имаат европска перспектива.

По барање на премиерот Сали Бериша на владина седница во најкус можен рок требаше да бидат утврдени законски решенија за вкавата цел, но сега дел од министрите опструираат, барајќи тоа да биде реципрочно. Весникот „ Газета Шиптаре“ пренесува изјава на преставик на македонското министерство за надворешни работи од каде се очекувало по одлуката на албанската влада тоа да го стори и Македонија.

Сепак и покрај визниот режим, голем број македонски граѓани грчкото, бугарското и црногорското приморје го заменија со плажите во Албанија. Поволните услови но пред се новата инфраструктура и поволните климатски услови ги привлекоа македонскитие граѓани одморот да го минат во Валона, Драч, или Кавала.

Семејството на Фатон Садику од Скопје повеќе години летува во Албанија, неговата сопруга е презадоволна од престојот. „ Многу убаво си поминавме, овој пат бевме во Драч. Останавме 15 дена а планиравме побрзо да се вратиме.“

На одмор во Албанија со семејствата заминаа и Маријан Копитар од Битола и Ромка Тазираку Асани од Гостивар

„И ова лето се ориентирав според мината година, кога бевме на албанскотот крајбрежје, добро беше и цени, плажи, услугата и луѓето, затоа и сега годишниот одмор ќе го минеме во Албанија.“

„Со целотот семејство ќе одиме во Драч на одмор, и виза ќе платиме.“

Македонија тразнит ја минуваат илјадници граѓани од Косово кои летуваат на албанскиот брег, поради подобрата патна структура. Тие како и сите Албаници не плаќаат виза врз основа на декретот на Бериша од 1994 кога беше претседател.

Според албанските медиуми не е мал ниту бројот на албанските граѓани кои летово ги избираат Охрид и Струга, за најмалку 10 дневен одмор. За влез во Макеоднија, виза им се наплатува на сите албански државјани, без оглед на етничката припадност.