1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Визнер: во јануари важни решенија за Косово

*

Американскиот претставник во меѓународната посредничка „тројка“ за Косово Френк Визнер на амбасадорите на земјите на ЕУ на средба во ОН во Њујорк им рекол дека во јануари ќе бидат донесени важни решенија за статусот на Косово, објавува весникот „Коха Диторе“ од Приштина, повикувајќи се на дипломатски извори во Унијата. Визнер, според весникот, рекол дека доколку сегашните преговори не дадат резултати, треба да биде спроведен планот за надгледувана независност на Косово, предложен од Марти Ахтисари.