1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

„Визна афера“: Фишер презема одговорност, но ја критикува и опозицијата

Во германската јавност со големо нетрпение се очекуваше денешниот настап на министерот за надворешни работи Јошка Фишер пред Анкетната комисија на Бундестагот во врска со таканаречената „визна афера“. Тој во излагањето, што е се‘ уште во тек, ја презеде одговорноста за неправилностите при издавањето визи за патувања во Германија во германските амбасади во повеќе земји на источна и југоисточна Европа,

Јошка Фишер во денешниот настап пред членовите на Анкетната комисија на Бундестагот за „визната афера“

Јошка Фишер во денешниот настап пред членовите на Анкетната комисија на Бундестагот за „визната афера“

�о истовремено упати напади и на сметка на опозицијата поради начинот на кој се однесува во аферата.

„Јас сум одговорен за тоа“ – недвосмислено рече во врска со широкоградото издавање визи министерот Фишер пред членовите на Анкетната комисија, но и пред милиони германски телевизиски гледачи, бидејќи се врши директен пренос од неговото сослушување. Според вообичаената практика, прво тој зборува, а потоа ќе одговара на прашањата на членовите на Комисијата.

„Нема ништо да додадам ниту да испуштам, туку според вистината – за тоа сум посебно заинтересиран, ќе го изнесам моето гледање на нештата пред Комисијата, и ќе ја известам за постапките“ – се декларираше министерот на почетокот од излагањето. Потоа прејде на конкретни подробности: „Да го погледаме поконкретно прекорите. Првиот е дека сме ги отвориле вратите за криминал, во голема мера дошле криминалци. Од статистиката на криминалитетот не произлегува такво нешто. Уделот на украински сторители на кривични дела останува подеднакво низок“.

Фишер на опозицијата и’ префрли за „неизмерно скандализирање“: со изјавите на политичари на партиите на Унијата целиот украински народ бил поистоветуван со криминалци, со жени принудени на проституција и со работници на црно. „Тоа го сметам за лошо“ – рече министерот. Според Фишер, тој самиот и поранешниот државен министер во неговото министерство и негов сопартиец од редовите на Зелените Лудгер Фолмер биле дифамирани. Фишер оцени дека нападите биле насочени и против нивната партија: „Пласирана е тезата дека Зелените од идеолошки причини по влегувањето во владата во 1998-ма година, се обиделе се’, само за да ја уредат политика спрема странците така, што да не се искористи хуманитарниот маневарски простор, да не се искористи маневарскиот простор во законот за поголема слобода на патувањето од интерес за една кон светот отворена земја, туку дека, така да се каже, целата интелигенција била ангажирана во тоа за да можеме да ја отвориме вратата за да би можеле сите да дојдат во Германија, сеедно дали со добри или со лоши причини“.

Исказот на Фишер продолжува, а потоа тој ќе одговара на прашањата од членовите на Анкетната комисија.