1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Визната либерализација на „преглед “ пред ЕУ

Ако бројот на азиланти кон Европа не се намали Западен Балкан може да ја изгуби визната либерализација. Ова е само една од пораките од министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан што се одржува во Охрид.

default

Од отворањето на форумот во Охрид

„ Визната либерализација е еден од најголемите успеси во односите меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија. Либерализацијата им овозможи на граѓаните од регионот и Унијата да се посетуваат, да се запознаваат и преку тоа да ја зајакнат економската, културната и друга соработка. Ова е резултат со  кој што јас и Европската комисија сме многу горди. За жал има и злоупотреба на визната либерализација и драматичен пораст на барањата за азил на лица од Западен Балкан “, рече еврокомесарот Сесилија Малмстром. Во Охрид учесниците на Министерскиот форум за правда и внатрешни,  ЕУ – Западен Балкан разговараа како краткорочно и долгорочно да се справат со ова прашање за  да се дојде до заедничко решение. ЕУ сепак ја има во предвид користа од визната либерализација и се поактивната отвореност и желба на регионот да стане дел од Европа. Во тој поглед евро комесарот Малстром обелодени дека со Косово се водат интензивни преговори. На Косово, како задача му останува да го реши проблемот со дистрибуцијата на средствата кои доаѓаат преку европските проекти и реинтеграцијата на повратниците. „Минатиот месец испративме писмо до властите и има значителен напредок, но остануваат уште неколку прашања на кои ќе треба да се поработи,“ смета Малмстром и додава дека доколку се добијат силни  гаранции за реинтеграција на повратнците од владата на Косово, за неколку месеци може да започне дијалогот за визна либерализација.

Mazedonien EU Westbalkan Forum

Состанокот на министрите во рамките на Форумот ЕУ- Западен Балкан

Брисел ќе ги брои азилантите и ќе носи нови препораки за Западен Балкан

 „За утре ( среда 5 октомври ) во Брисел е закажан состанок со преставниците на Владите од сите замји во регионот и ќе се разгледаат последните статистички податоци по што ќе се дефинираат препораки за решавање на ова прашање “, објасни Малстром . Таа не ја отфрли можноста Европскиот парламент  и Советот на министри да ја вратат во игра  клаузулата за суспензија  доколку не се запре растот за барањето на азил во Европа на лица од регионот. Дел од Европа поради зголемениот број на лажни баратели на азил, главно Роми е загрижена и бара од Земјите на Западен Балкан да спроведат засилени кампањи за подигање на свеста и информирање за обврските и правата кои произлегуваат од визната либерализација.

Македонија и Косово пред формирање на заеднички полициски контакт центри

Министрите за внатрешни работи на Македонија  и Косово Гордана Јанкуловска и Бајрам Реџепи вчера во Охрид потпишаа Договор за соработка меѓу двете земји со кој ќе се формираат заеднички контакт центри за размена на информации. Со тоа, според Јанкуловска ќе се надминат бариерите и ќе се рационализираат ресурсите : „За само неколку месеци, од преземањата на последниот сектор од страна на косовската полиција од КФОР за надзор на државната граница, ние успеавме да ги комплетираме речиси сите процедури во смисла на спроведување на заеднички патроли за надзор на границата кои се веќе секојдневие и реалност “, истакна Јанкулоска .

„ Следната година Косово ќе отпочне со издавање на биометриски лични карти, а вој месец со биометриски пасош,“ рече косовскиот министер Реџепи.Според него тогаш ќе се созададат услови границата меѓу Македонија и Косово да се минува со лична карта. 

Mazedonien EU Westbalkan Forum

Средба меѓу македонската министерка за внатрешни работи Јанкуловска и Еврокомесарката за внатрешни работи Цецилија Малмстром

Наскоро граѓаните од Македонија и Србија во двете земји со лични карти  

На Форумот во Охрид  Министрите за внатрешни работи на Република Македонија и Република Србија Гордана Јанкуловска и Ивица Дачиќ потпишаа

Спогодба за условите за патување на државјаните на двете земји и Протокол за Граничниот премин Голема Црцорија – Голеш. Министрите Јанкуловска и Дачиќ ја истакнаа важноста од потпишувањето на спогодбата која ќе го олесни протокот меѓу двете земји со надеж дека парламените на Македонија и Србија за кусо време ќе ги ратификуваат.

Во контекст на пописите на населението кои се одвиваат истовремено во Србија и Македонија српскиот министер за внатрешни Дачиќ јавно апелираше граѓаните во обете земји кои се чуствуваат како Срби или Македонци слободно да ја искажат својата припадност .

Македонската министерка за внатрешни Јанкулоска предвидено е денеска да се сретне со директорот на Европол Роберт Веинрајт . 

Денеска на ред се теми од областа на правдата и правосудството

По темите за илегалната миграција, визната либерализација , организираниот криминал и трговијата со луѓе , вториот ден од Форумот ќе биде посветен на теми од областа на правдата . Ќе се дискутира за независноста на судството и обвинителството, правната соработка во кривични и граѓански спорови.

Завршницата на  „Министерскиот форум за правда и внатрешни работи, ЕУ – Западен Балкан“ е наменета за презентација на приоритетите во областа на внатрешните работи и правда на престојното Данско и Кипарско претседателство со ЕУ .

На Форумот учествуваат над 120 гости од околу 15 земји , а го организираат македонските министерства за внатрешни и правда во соработка со Европското претседателство на Полска .

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Симе Недевски