1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Виза! Нема шанса!“

Македонските студенти протестираат во Брисел пред зградата на Европската комисија. Тие бараат што поскоро укинување на визите за македонските граѓани. Македонците посакуваат тоа да се случи уште годинава.

default

Протестот е во рамки на акцијата „Виза! Нема шанса!“ што ја спроведе група од неколку десетини младински здруженија и студентски организации. Студентите со поставување ограда, што симболично ја претставува границата, го покажуваат чувството на гетоизираност поради шенгенската визна бариера која им ја отежнува соработката со нивните колеги од државите членки на ЕУ. На 27 јануари, македонска студентска делегација ќе ги пренесе своите барања за што побрзо укинување на визниот режим и во кабинетот на Еврокомесарот за проширување, Оли Рен.

Македонските власти очекуваат одлуката за укинување на системот на визите да мине низ сите инстанци на ЕУ до крајот на 2009 година.

Дека визите ќе се укинат во текот на годинава се надеваат и граѓаните на Дебар. Колку безвизното патување е полесно и што се‘ овозможува, можеа да почувствуваат малку кога беа укинати визите за Албанија, на пример.

Аудио и видео прилози на оваа тема