1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Виетнам: По Хаијан - поплави

По тајфунот Хаијан, постојано дождови и поплави. Виетнам досега „изброи“ 28 жртви од катастрофата. Под вода се околу 100.000 куќи. Загрозен е и еден од најважните извори на девизи во земјата - производството на кафе.

Само што почнаа да се опоравуваат од тајфунот Хаијан, Виетнамците се соочени со огромни дождови. Последиците се драматични како за населението, така и за инфраструктурата и за економијата во земјата.

Во поплавите и лизгањето на земјиштето, предизвикани од големите дождови, досега загинаа најмалку 28 лица, јавуваат државните медиуми во Виентам, повикувајќи се на информации од надлежните служби. Како исчезнати се водат голем број луѓе. Десетици илјади објекти се разурнати или оштетени, посебно во централниот дел на земјата.

Во крајбрежниот град Хои Ан, според очевидци, куќите се под вода поради надојдената река Ту Бон, а луѓето се обидуваат да ги пренесат на суво своите работи. Со кану се префрлени на суво и туристите во тој град. Во други региони во земјата ситуацијата е подраматична. Некои места со илјадници жители се комплетно отсечени поради поплавите. Владата презема мерки на евакуација. Армијата со хеликоптери пренесува луѓе од поплавените подрачја во региони кои не се под вода.

Поради катастрофата загрозен е секторот на производство на кафе, кој е важен извор на девизи за земјата. Виентам е најголем производител на кафето Робуста. Во многу места мораше да се прекине со жетвата и сушењето на зрната кафе, што ќе значи и намален извоз.