1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Виенски економски форум

Зголемување на можностите за инвестирање и помош за регионалната соработка во Југоисточна Европа се целите на Виенскиот економски форум основан неодамна. На неговата прва среба присуствуваа амбасадори и претставници на стопанствата од 11 земји-членки.

Дворецот Шенбрун во Виена

Дворецот Шенбрун во Виена

Идејата за основање на оваа нова економска организација за земјите меѓу Јадранскотo и Црното Mоре потекна од бугарската амбасадорка во Австрија, Елена Кирчева:

“Во секоја држава во која имав чест да бидам амбасадорка на Бугарија мојата прва помисла беше: што може да се направи за Бугарија подобро да биде претставена. Оваа задача ми беше примарна и во Виена. Откако ја анализирав ситуацијата, дојдов до следниво заклучок: во Виена како центар на еден голем регион, би можела Бугарија најдобро да ја застапувам ако се вклучам во една група во која ќе го разбудам интересот на Австрија за регионална иницијатива. Така се роди идејата за средба на државите меѓу Јадранското и Црното Море, значи овие десет држави во кои Виена имаше интереси во минатото, но ги има и сега и во иднина“.

Од 11-те држави што беа застапени на Виенскиот економски форум, три се членки на Европската унија: Грција, Австрија и Словенија. Членството на Бугарија и Романија се очекува од 1 јануари 2007 година. Хрватска од почетокот на идната година ќе ги започне преговорите за членство во Брисел. Треба да се помогнат и напорите за интеграција и на другите членки на овој форум: Македонија,Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора и Турција што е една од целите на виенскиот форум. Станува збор за регион од околу 140 милиони жители со површина од преку милион и 600 илјади квадратни километри. Регион со исклучително економско значење, како што истакна престедателот на виенскиот економски форум, австрискиот индустријалец Јозеф Таус во говорот на отворањето цитирајќи го притоа американскиот претседател Труман:

“Ако не можеш да издржиш топлина, напушти ја кујната. Ние во стопанството велиме дека се наоѓаме во жештина и затоа мора да се остане во кујната. Прашањето е дали не можеме да си олесниме за да останеме во кујната“.

За да се олесни останувањето на жештината, мораат да бидат преземени големи напори. Затоа виенскиот економски форум својата работа ја гледа токму како орагнизација за економска поддршка и соработка. За разлика од формуот во Давос, овој нема политички цели. Негова намера е да делува и во рамките на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, чиј престедател Ерхад Бусек е и потпретседател на виенскиот форум:

“Пактот за стабилност за Југоисточна Европа има потреба во сите земји и во секоја пригода соодветно да ги промовира можностите за инвестиции, како да се промени и да се подобри климата за инвестирање и за зделки. Ние сме благодарни за секоја можност и затоа ја поддржувам оваа иницијатива во која сум и самиот ангажиран – пред се поради австриското соседство со овој регион и бидејќи сигурно можеме да помогнеме. Австрија во ова презема задача и како земја-членка на ЕУ и како партнер на Пактот за стабилност“.

Бидејќи потенцијалните инвеститори често немаат сигурни информации за шансите и ризиците на одделните пазари во регионот, економските експерти на форумот во Виена ги претставија можностите за инвестирање. Притоа нивна намера не е меѓусебната конкуренција, како што вели националниот координатор на Пактот за стабилност во Бугарија, Милен Керемидчиев:

“Ноформираниот форум е добар пример за тоа како земјите од Југоисточна Европа во потрагата по инвестиции можат меѓусебно да си помогнат без да си конкурираат. Зошто? Затоа што ние сме мали држави, со мали пазари и само со обедините сили можеме да бидеме атрактивни за странските инвестиции“.

Конкретни проекти инаку, ќе бидат дискутирани на втората конференција што ќе се одржи во октомври. Земјите членки на форумот имаат големи надежи дека ќе им супее да добијат инвестиции од странство за да се инвестира во регионалната соработка. Од таквата регионална соработка многу ќе зависи дали надежите ќе бидат исполнети, вели Герхард Бауер од австриското здружение за европска политика:

“Виенскиот економски форум може да игра многу важна улога ако тоа го сакаат сите негови членки. Зашто, се чини дека Европа е центрирана кон Брисел, но ако регионите сакаат, тогаш можат сами да развијат моќ што покрај Брисел може да игра значителна улога за регионот“.