1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Виена – Контакт група

*

Преговарачката тројка за Косово денеска во Виена ќе се состане со претставници на Контакт групата. Со оваа средба на Белград и на Приштина треба уште еднаш да им се стави до знаење колкаво значење во меѓународната заедница им се придава на обновените преговори за идниот статус на Косово. Преговарачката тројка, што ја сочинуваат претставник на ЕУ, на САД и на Русија, утре во Виена треба да има и одделни средби со преговарачките делегации на Белград и Приштина. Идниот статус на Косово е во средиштето и на разговорите што германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг, од денеска до петок ќе ги води во Хрватска, Македонија, Албанија и на Косово. Вчера, холандскиот министер за надворешни работи, Максим Ферхаген, во Приштина изјави дека за Холандија е прифатлива секоја опција за идниот статус на Косово за која ќе постигнат согласност Белград и Приштина, вклучувајќи и поделба на покраината.