1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Видео снимка со германскиот заложник во Авганистан

*

Авганистанската приватна телевизија прикажа видеоснимка на која може да се види Германецот , кој повеќе од еден месец е во заложништво во Авганистан. На снимката градежниот инжинер кој е видливо изнемоштен моли да му се помогне. Претходно германската приватна телевизија РТЛ извести дека била во можност да погледа видео снимка , на која 62 годишиот Германец изјавува дека се наоѓа во заложништво на Талибанците во авганистанските планини.

Талибанските бунтовници во замена за ослободувањето на германскиот заложник бараат ослободување на 10 нивни соборци од авганистанските затвори.