1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Видео – Бин Ладен

*

Американскиот претседател, Џорџ Буш, смета дека најновата снимка на Осама Бин Ладен само потврдува дека политиката на неговата влада во Ирак е исправна. Ирак е дел од војната против екстремистите, изјави Буш на маргините на самитот на АПЕК. Инаку, американските експерти се уверени дека најновата видео-снимка на шефот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен, е вистинска. Гласот на снимката со голема сигурност е глас на водачот на терористите, се вели во Вашингтон. Бин Ладен, според медиумите, на снимката ги повикува своите приврзаници да инвестираат во борбата против странските трупи во Ирак.