1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Вигенин очекува компромиси за историјата

Заедничката историја со Македонија е чувствително прашање и не треба да одрекуваме некои историски реалности, вели во интервју за Бугарското национално радио министерот за надворешни работи на Бугарија Кристијан Вигенин.

„Двете земји ако сакаат да градат заедничка европска иднина ќе треба да направат некои компромиси во однос на толкувањето на историјата. Ќе може да одиме напред ако изградиме европски односи, но тие работи треба постепено да бидат регулирани, вели Вигенин.

Според него, потпишувањето на договорот за добрососедство и соработка ќе го отвори патот на Македонија кон европските структури. Тоа не е нова позиција ниту ултиматум. Тој договор ќе фиксира одредени политички реалности, дополнува Вигенин.

Шефот на бугарската дипломатија посочува и дека не се точни тврдењата оти Македонија не сака да се потпише договорот. Доказ за тоа се, вели, досега одржаните четири рунди преговори меѓу двете земји. Покрај заедничката историја, разлики меѓу двете земји, според него, постојат и во врска со еден член во Уставот на Македонија којшто говори за

македонските малцинства во соседните земји, како и за јазикот. Интервјуто на Вигенин следува по вчерашната неформална заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија во пограничниот бугарски град Ќустендил. Вигенин најавува дека е можно уште во август да се одржи нова заедничка владина седница во Македонија, за што покана очекуваат од македонската страна.