1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Вељановски уште еднаш и презакажа на опозицијата

Собранискиот спикер Вељановски денеска повторно, за в понеделник, ја презакажа координацијата со пратеничките групи. Опозицијата го продолжува бојкотот. Дел од партиите бараат проблеми да се решат на лидерска средба

default

Претседателот на македонското собранието Трајко Вељаноски уште еднаш, сега за в понеделник, ја одложи координативната средба бидејќи опозицијата не го прекина бојкотот. Првиот парламентарец повика да надвладее разумот и опозицијата да се врати во Собранието и да се распишат предвремени избори.

Тој најави дека во понеделник ќе биде отворено и прашањето за избор на нов претседател на Државната изборна комисија , по завчерашната оставка на досегашниот прв човек на ДИК, Александар Новаковски.

Trajko Veljanovski, Maz. Parlamentspräsident, Skopje, Mazedonien, 11.01.2008

Трајко Вељановски

Доколку опозицијата не се појави во понеделник на координативната средба Вељановски се закани дека координаторите од парламентарното мнозинство ќе бидат приморани да разговараат за прашањата кои што ги наметна опозицијата.

Инаку Собранието попладнево одржува седница на која треба да отпочне постапка за избор на нов претседател на ДИК. Со работата на Државната изборна комисија во моментов раководи заменикот - претседател Субхи Јакупи. Тој денеска истакна дека Државната изборна комисија, и по оставката на Новакоски, е подготвена за спроведување на евентуални предвремени парламентарни избори.

Заменик-претседателот на комисијата уште истакна дека доколку во рок од три дена опозицијата не предложи нов претседател на комисијата, изборот, согласно законот ќе се врши на конкурс.

Партиите бараат лидерска средба

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt

Пратениците на ДУИ бараат од Ахмети да се заложи за нова лидерска средба

Дел од парламентарните партии денеска побараа одржување лидерска средба на која ќе се зборува за решавање на политичката криза во земјата и предвремените парламентарни избори.

Пратеникот на ДУИ Рафис Алити го повика лидерот на неговата партија Али Ахмети да иницира одржување на таква лидерска средба. И пратеничката група на НСДП, ЛП и НА претходно на прес-конференција побара да се организира средба на која би присуствувале лидерите на сите парламентарни парти и која би имала за цел да се договори датумот и изборните правила за одржување на предвремените парламентарни избори.

Автор: СН/миа

Редактор: Борис Георгиевски