*
Во рамките на седмиот ”Петерсбуршки дијалог” во Визбаден денеска ќе дојде до средба на германскиот канцелар Ангела Меркел со претседателот на Русија Владимир Путин. Во редовната недела видео-порака Меркел се изјасни за партнерство со Русија, и покрај растечката затегнатост меѓу Москва и Западот. ”Германија и Русија ги поврзува стратегиско партнерство. Ние сакаме добри односи на сите нивоа и во многу области” – нагласи Меркел во видео-пораката.