1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Вечер изборот на нова српска влада

Вечер во Белград треба да продолжи конститутивната седница на српскиот парламент со предлогот за разрешување на Радикалот Томислав Николиќ од функцијата претседател на Собранието и со изборот на новата влада.По неколку месеци преговори политичките партии вчeар постигнаа согласност за формирање коалиција,во која ќе влезат Демократската партија,Демократската партија на Србија и Г 17 плус,додека Социјалистите и ултранационалистите остануваат во опозиција.Претседателот на Србија Борис Тадиќ соопшти дека мандатот за состав на нова влада ќе му биде доделен на досегашниот премиер Војислав Коштуница.