1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Вечера на небо

Вечера во воздух на 50 метри височина - тоа е можно во Минхен, во ресторанот кој се крева со кран.

Ресторан во воздух, на 50 метри височина над Минхен. Вечера на небо. Пред гостите да се качат во восочина, тимот од кујната мора да подготви многу работи. Премиера не само за дел од гостите, туку и за шефот на кујната, Филип Сеџвик:

„Досега не сум бил горе, не сум учествувал во вакво нешто. Сега ми е првпат и ќе видиме како е. Можам да препоставам дека е забавно за гостите“, вели Сеџвик.

За нив прво се чисти. Двоен ремен ја пружа неопходната сигурност. Никој не треба да падне. Но кој сака воопшто да јаде висејќи на кран?

„Ова го добив на подарок за роденден. Да видиме дали ќе биде возбудливо. Се радувам на појадокот со поглед“, вели еден од гостите.

„Возбудливо, нешто сосема ново. Многу сум возбудена“, нагласува друга гостинка.

Последен критичен поглед врз јадењето. Потоа нема веќе назад. Кранот ја крева нагоре платформата тешка 7,5 тони. Напладне и навечер шефот на кујната Сеџвик сервира мени со три јадења, претпладне - бранч.

„Погледот е она што сите го очекуваат. Малку се нервозни, особено на ова место за седење. Се ниша“, вели Сеџвик.

Погледот на Минхен е навистина извонреден. Вечерата на небо е изум на еден Белгиец. Во меѓувреме, вакво нешто има во 44 земји во светот. Додека гостите уживаат во погледот, готвачот го приготвува јадењето. Бранч за 35 минути во воздух чини 69 евра. Чај, кроасани, јогурт и тестенини - на гостите им е вкусно и покрај висината.

„Денеска е навистина пријатно. Ме интересира како ќе биде утре со малку невреме. Тогаш сѐ се ниша. Мора да внимавам малку со сосовите кога е ветровито, за да не прснат в лице или слично“, вели готвачот Сеџвик.

Тоа, се разбира, не треба да се случи. Платформата смее да се крене во височина до ветер со степен на јачина - 5. Тогаш нешто може и да одлета.

Кристин Зевестер, портпарол на фирмата „Мајдејс“, која е одговорна за вакви вечери, вели: „Внимаваме долу да нема никој. Кога масата се крева имаме безбедносна зона, така што не може да се случи воопшто ништо.“

На крајот шолја кафе, сосема опуштено, на работ на бездна. Дел од гостите очигледно се чувствуваат многу пријатно во височините.