1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Вето на сметка на сирискиот народ и неговата крв“

Советот за безбедност на ОН остана нем и покрај извештаите за масакр во Сирија. Русија и Кина со вето ја спречија и ублажената резолуција со осуда на режимот на Башар ал-Асад. Светот е огорчен.

default

ОН повторно немоќни

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун невообичаено остро го критикуваше неуспехот за донесување резолуција во Советот за безбедност на ОН:

„Ова е големо разочарување за луѓето во Сирија и во целиот Блиски Итсок, за сите поддржувачи на демократијата и човековите права“, изјави Бан .

Уште појасни зборови стигнаа од амбасадорката на САД, Сузан Рајс:

„Згрозени сме поради тоа што некои членки не‘ спречуваат да си ја извршиме обврската. Советот за безбедност „со месеци е заложник на две држави кои мислат само на своите интереси“.

Лондонскиот амбасадор Марк Лијал Грант ги обвини Русија и Кина за погрешна игра:

„Велите дека сакате да спречите воена интервенција. Тоа меѓутоа, никој не го побара и не стои во ниеден предлог“.

И германскиот амбасадор Петер Витиг констатираше:

„Повторно ги оставивме на цедило луѓето во Сирија. Ова е огромна срамота“.

UN Sicherheitsrat Sitzung zu Syrien

Долги и неуспешни преговори во Њујорк околу резолуција за Сирија

„Неизбалансирана резолуција“

Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин, напротив, го бранеше ветото на својата земја:

„Предлогот беше неизбалансиран, зашто не беа предвидени никакви мерки против вооружените групи на владините противници. Измените кои ги предложи Русија не се ставени во текстот на резолуцијата и таа не ја отсликуваше вистинската состојба во Сирија“.

Кинескиот амбасадор Ли Баодонг пак, соопшти дека со своето вето Кина ја поддржала Русија поради игнорирањето на предлозите на Москва, а освен тоа, мора да се запази сирискиот суверенитет.

Сириската опозиција разочарана

Сириската опозиција изрази разочараност од држењето на Русија и на Кина.

„Ова вето оди на сметка на сирискиот народ и неговата крв“, изјави Наџи Таиара од Сирискиот национален совет. Тој смета дека владата се чувствува сигурна поради ветото:

Bashar Assad Proteste Syrien

Протестите во Сирија носат многу жртви

„Поради тоа режимот го изврши масакрот во Хомс“, изјави тој.

Сириската власт го негираше вчерашниот (04.02) напад во градот Хомс со стотици загинати и соопшти дека се работи за пропаганда на опозицијата. Според проценките на ОН, од декември досега, во речиси единаесетмесечните протести против сирискиот претседател Башар ал Асад биле убиени најмалку 5.400 луѓе.

Русија пак, најави за идната недела нова иницијатива за запирање на насилството во Сирија.

„Советот за безбедност не е единствениот дипломатски инструмент на оваа планета“, изјави рускиот амбасадор Чуркин. Според него, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лаврозв и шефот на контраразузнавачката служба Михаил Фрадков ќе патуваат во Дамаск во вторник (07.02).

Автор: Кристијан Валц / Ж.Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM