1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ветер на промени

И покрај полицискиот час во Каиро илјадници демонстранти и натаму бараат оставка на претседателот Хосни Мубарак, кој е под притисок и од страна на меѓународната заедница.

default

Шести ден по ред, синоќа во центарот на Каиро, илјадници луѓе не отстапија од своето барање за промена на владата. Надежта на опозиционото движење, поранешниот шеф на Меѓународната атомска агенција Мохамед Ел Барадеј, и покрај куќниот притвор, им се придружи на демонстрантите, порачувајќи: „Имам налог од политичките сили, да формирам влада на национално единство“, рече носителот на Нобеловата награда за мир, кој на централниот плоштад во Каиро пристигна со водачите на Муслиманското братство. Ел Барадеј го подвлече ова гледиште и во изјавата за БиБиСи:

„Мислам дека сите треба да сфатат оти се’ ќе заврши дури тогаш, кога Мубарак ќе замине и ако постигнеме согласност за влада на национално единство и армијата ја врати контролата врз улиците.“

Мубарак е подготвен на дијалог?

Претседателот Хосни Мубарак, кој на власт во Египет е три децении, во меѓувреме го овласти новиот претседател

Hosni Mubarak Fernsehansprache

Мубарак изрази подготвеност „за дијалог со сите партии“

на неговата владата Ахмед Шафик да спроведе политички реформи. Во говор пренесен преку државната телевизија, Мубарак вчеравечер изрази подготвеност „за дијалог со сите партии“. Мубарак изјави дека се залага за „опсежни“ чекори за реформа на политичкиот систем и уставот. Освен тоа, од новиот премиер, кој на е функција од саботата, побара „одлучно“ да се бори против корупцијата и да ја повради довербата во стопанството. Мубарак од новата влада побара и да го врати редот во земјата. Полицијата која изминативе денови им го препушти јавниот простор на ограбувачите и бандите, според египетските државни медиуми, од денеска повторно ќе биде присутна на улиците. Инаку, изминатиот викенд од затворите избегаа илјадници затвореници, меѓу нив и тешки злосторници и исламистички екстремисти.

Илјадници туристи чекаат да заминат од Каиро

Во меѓувреме се зголемува и стравот од хаос кај странците во Египет. На меѓународниот аеродром во Каиро чекаат илјадници луѓе, кои се обидуваат да ја напуштат земјата.

Schweiz Wirtschaft Weltwirtschaftsforum in Davos UN Ban Ki mmoon

Бан Ки Мун: Африка се движи

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун од самитот на Африканската унија порача: „Вее ветрот на промени. Африка се движи“:

„ ...лидерите од секоја земја, вклучувајќи го и Египет прво треба внимателно да слушаат, да имаа поголем респект кон гласот на народот - што се неговите главни барања и што тој сака. Тие имаат одговорност да обезбеднат сигурни работни места и добри услови за живот,“ изјави Бан.

Германската канцеларка Ангела Меркел побара од Мубарак без насилство да го разреши политичкиот конфликт. Претседатели и премиери и на други држави, меѓу нив и американскиот претседател Барак Обама го повикаа раководството на Египет да се откаже од насилство.

Автор: АТ/ЕМФ/дв/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM