1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ветени 2,4 милијарди долари за Сирија

На меѓународната донаторска конференција за Сирија, ОН добија ветувања за помош од над 2,4 милијарди долари (околу 1,7 милијарди евра). Тоа е значително помалку од она на што се надеваше светската организација.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун на крајот на министерската конференција што се одржа во Кувајт соопшти дека се ветени 2,4 милијарди долари. ОН претходно апелираа до меѓународната заедница за поголема помош за Сирија и се надеваа на 6,5 милијарди долари во текот на годинава.

Бан пред одржувањето на конференцијата рече дека треба да се биде „великодушен“ и укажа дека ОН се соочуваат со сериозни финансиски проблеми во работата во Сирија. „Хуманитарна помош им е неопходна на речиси 9,3 милиони луѓе“, изјави Бан, според кого особено вознемирувачки се извештаите за глад во земјата.

На првата донаторска конференција за Сирија пред една година, во Кувајт беа собрани 1,5 милијарди долари. Досега од ветените пари се пристигнати само 75%, беше соопштено во Кувајт.