1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ветената помош не ги спречи судирите во Бејрут

Донаторите од меѓународната заедница убаво ги одврзаа кесињата за Либан. На првиот ден од донаторската конференција во Париз се собрани 7,6 милијарди долари помош и кредити. Либанскиот премиер Синиора може да биде задоволен, но не до крај. Во Бејрут повторно избувнаа немири. Има загинати и повредени.

Синора на конференцијата во Париз

Синора на конференцијата во Париз

Три лица загинаа во најновите судири меѓу владините сили и опозицијата во либанскиот главен град Бејрут. Во немирите се повредени околу стотина лица. Конфликтот настанал меѓу студентите во универзитетискиот кампус, но потоа судирот се проширил низ градот и прераснал во вооружени престрелки. Во расчистување на ситуацијата морала да интервенира и либанската војска. Во Бејрут синоќа беше воведен и полициски час и последните информации од теренот велат дека на улиците е мирно. За смирување на ситуацијата повикале и лидерот на радикалниот Хезболах , Насрала како и премиерот Синиора, кој се наоѓа во Париз на донаторската конференција за Либан. На либанскиот премиер Синиора му успеа да ги убеди високите претставници на 40 земји и меѓународни организации од итната потреба да и се даде помош на неговата земја. Тој им рече:

„Цената на помошта - без разлика колкава е - е многу поважна во однос на цената која ќе се плати ако не му се помогне на Либан”, аргументираше Синиора.

Иако организаторите и либанската влада очекуваа да добијат околу 5 милијарди долари, донаторите на првиот ден од дводневната конференција веќе ветија 7,6 милиајдри долари помош и кредити. Синиора верува дека овие пари ќе му помогнат не само во обновата на земјата која беше разурната во едномесечната војна меѓу Хезболах и Израел, туку ќе му помогне во реализација на зацртаните реформи за заживување на економијата и стабилизација на земјата.

И покрај ова опозицијата во Либан, предводена од Хезболах, а поддржана од Сирија и Иран, не се откажува од барањето за смена на актуелната влада. Премиерот Синиора кој ја има поддршката од западот категорично го одбива тоа.

Поради ова многу луѓе во Либан стравуваат дека и покрај ветената меѓународна финансиска помош во земјата многу лесно може да избувне граѓанска војна.