1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Вести од спортот

Вердеровата радост за купот

Вердеровата радост за купот

Германскиот фудбалски шампион Вердер од Бремен во саботата го освои и националниот куп. Во финалето во Берлин Вердер беше подобар од второлигашот Алеманија Ахен и победи со 3 спрема 2. Двоен стрелец за Вердер беше Тим Боровски кој по натпреварот изјави:

“Се радуваме, пресреќни сме што за првпат ни успеа освојувањето на двојната круна“.

Тренерот на поразената Алеманија Јерг Бергер пак:

“Мислам дека беше одлично финале, посебно второто полувреме. Вердер ја докажа својата класа“.

Напаѓачот на Вердер Аилтон за последен пат настапи за оваа екипа, а од иднината сезона ќе биде во редовите на Шалке 04:

“Последна игра со две титули – неверојатно. Беше многу добро. Благодарам Бремен, сега морам во Шалке“.

Вчера трката за големата награда на Европа на патеката во Нирбургринг, Михаел Шумахер доминантно ја заврши на првото место. Пилотот на Ферари ја постигна шестата победа од седумте досегашни трки во Формула 1 и ја зголеми предноста во трката за шампионската титула. Всушност, ова беше и четрвта двојна победа на Ферари во оваа сезона. Зад Шумахер се пласираше неговиот клубски колега Бразилецот, Баричело, а трет беше Британецот Батон од БАР – Хонда.

22-годишниот Италијанец Дамиано Кунего е победник на 87 велосипедска трка Џиро Д’Италија. Оствари четири етапни победи и посебно силен впечаток остави во ридските етапи.